Дома Фудбал Англија Рој Кин жестоко удри по напаѓачот на Јунајтед: Постигнува голови на секои 14 години

Рој Кин жестоко удри по напаѓачот на Јунајтед: Постигнува голови на секои 14 години

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин го критикуваше Манчестер Јунајтед, а зборуваше посебно за напаѓачот Ентони Марсијал.

Францускиот фудбалер по поразот од Њукасл за викендот беше во расправија со тренерот Ерик Тен Хаг, а беше заменет по 60 минути игра откако не направи скоро ништо на теренот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Ќе му простиме на Марсијал затоа што постигнува голови на секои 14 години. Ќе кажам само една работа: Ако Њукасл не става под притисок, тогаш подобро е да ја земеш топката и да помогнеш на екипата да се подигне да добие повеќе простор да „дише“.

Што направи Марсијал? Сите топки лесно ги продаваше, Јунајтед се обидува да се ослободи од него неколку години, но не успева. Ако Марсијал не е способен, тогаш не треба да биде фудбалер на Јунајтед“, искоментира Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тудор дебитираше со реми на клупата на Јувентус: Погледнете ги головите

Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено во дерби натпреварот од 31. коло на италиј…