Не може Роналдо да побегне од повиците на навивачите на Реал Мадрид.
Фудбалерот на Јувентус, Кристиано Роналдо се вративо Мадрид каде што отвори клинка за трансплатација на коса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Работите околу клиниката ќе ги неговата сопруга, Георгина Родригез. Ова е прва деловна одлука на Роналдо која е поврзана со здравството.
Клиниката е официјално отворена – има шест ката, 18 операциони сали и ќе брои 150 вработени.
¡Es oficialmente el inicio de un nuevo proyecto, @insparya_es un proyecto único y que confiamos que va a tener mucho éxito! pic.twitter.com/FqYSFe0r65
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) March 18, 2019
Познато е и дека цената на трансплатацијата ќе изнесува 4.000 евра, Роналдо вложи еден милион евра, а отварањето беше прилично интересно.
Посетата на Мадрид за Роналдо значеше и дека ќе има средба со навивачите на Реал. Еден од нив едвај го дочека за да му посака негово враќање во клубот, на што Кристиано одговори со насмевка и подигнат палец.
Así reaccionó Cristiano Ronaldo ante una fan que le pidió que volviese al Real Madrid. Vídeo de @uxcaballero. pic.twitter.com/OCZ7h0Qe4B
— Carrusel Deportivo (@carrusel) March 18, 2019
„Ова е специфичен и единствен проект. Опаѓањето на коса е проблем со кој се соочуваат многумина, сакам да им ја вратам самодовербата на луѓето, сите сакаат да се грижат за својот имиџ. Јас сум благодарен што никогаш нема да имам ваков проблем, но инвестирав затоа што имам различни визии за својот бизнис“, изјави Роналдо на отварањето.
Кога во прашање е враќањето на Роналдо во Реал Мадрид јасно е дека такво нешто сега изгледа како научна фантастика посебно поради неговиот однос со Флорентино Перез кој е и тоа како нарушен.