Раководството на Јувентус ќе се „потпре“ на својата голема ѕвезда Кристиано Роналдо при преговорите за трансфер на португалскиот „вундеркинд“, Жоао Феликс, пренесива „А Бола“.
Весникот тврди дека Кристиано веќе го советувал 19-годишниот фудбалер да потпише со италијанскиот шампион, кој ја прослави својата нова титула во Серија „А“ пред неколку дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откупната клаузула на Жоао Феликс е 120 милиони евра и Бенфика нема намера да го продаде под таа цена.
Кристиано Роналдо и Жоао Феликс имаат ист агент, Жорге Мендеш, па ѕвездата на Јувентус ќе се обиде да влијае и преку него.
Неодамна Јувентус имаше средба со Мендеш, па поради тоа се смета за фаворит за потписот на младиот Португалец.
Меѓутоа, „бјанконерите“ ќе имаат силна конуренција, бидејќи постои интерес за Жоао Феликс од Манчестер Сити, кој е подготвен да ја активира откупната клаузула.
19-годишниот офанзивен играч за врска оваа сезона блеска во дресот на Бенфика и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Медиумите објавија дека Јувентус веќе доставил понуда од 75 милиони евра, која експресно била одбиена од страна на Бенфика.
Dal Portogallo: Cristiano Ronaldo spinge Joao Felix alla Juventus https://t.co/o6q6X5GLdZ pic.twitter.com/WlQnBRbacI
— calciomercato.com (@cmdotcom) April 22, 2019