Дома Топ вести Роналдо ја „разби“ Борусија и побара нов договор – сака плата како Меси!

Роналдо ја „разби“ Борусија и побара нов договор – сака плата како Меси!

Кристиано Роналдо пред само девет месеци потпиша нов, „доживотен“ договор со Реал кој завршува кога ќе наполни 36 години и спред него заработува 23 милиони евра по сезона. Но, на Португалецот тоа не му е доволно.

Како што пренесува „Марка“, весник кој е близок до „кралскиот“ клуб, Роналдо после трансферот на Нејмар во ПСЖ и извесниот нов договор на Меси со Барса, ќе биде дури трет најплатен фудбалер на светот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Наводно Роналдо тоа не може да го поднесе, па затоа од претеседателот Флорентино Перез побарал нов договор, со оглед на заслугите и освојувањето на „Златната топка“.

Португалецот побарал повеќе од 25 милиони евра по сезона, но од Реал му одговориле дека моментално приоритет му е продолжување на соработката со Рамос, Асенсио и Варан.

Роналдо синоќа уште еднаш покажа дека вреди да биде најплатен фудбалер на светот, откако со два гола ја „разби“ Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

Така стигна до 411 гола на 400 настапи за Реал Мадрид, додека во ЛШ се зацврсти како најдобар стрелец во историјата со 70 гола, убедливо пред Меси кој има 58 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус подготвува голема понуда за Осимен

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, за да ги реши с…