Ѕвездата на Реал Мадрид смета дека некој од младите фудбалери на Монако, ПСЖ или Манчестер Јунајтед наскоро може да ги следи неговите стапки и да се искачи на самиот врв на светскиот фудбал.
Одличниот Португалец прославува уште една награда откако беше награден за најдобар играч за изминатата сезона, спроед изборот на УЕФА, а Роналдо победи и на последниот избор за Златната топка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо за слични награди, во текот на изминатава деценија, се бореше со Лионел Меси, меѓутоа полека годините ги надминаа овие двајца фудбалери, а 32-годишниот Португалец смета дека некој од младите фудбалери како Мбапе, Нејмар или Рашфорд наскоро би можел да ја превземе титулата најдобар во светот.
„Тоа е многу добро прашање. Гледам некои играчи со голем потенцијал: Асенсио, Мбапе, Нејмар, Дембеле, Азар, Рашфорд… И уште некои други. Во следната генерација постојат барем 10 играчи кои имаат голем потенцијал“, одговори Роналдо на прашањето за потенцијален наследник.