Дома Топ вести Роналдо јавно го повика Меси да дојде во Италија!

Роналдо јавно го повика Меси да дојде во Италија!

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо јавно го повика својот вечен ривал Лео Меси да ја напушти Барселона и да се пресели во Италија.

Роналдо ова лето пристигна во Торино од Реал Мадрид, каде цела деценија водеше голема борба со Барселона, но и со Меси во индивидуалните признанија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Можеби ми недостасува Меси… Играв во Англија, Шпанија, Италија и Португалија, а тој и понатаму е во Шпанија. Животот е предизвик, јас ги сакам предизвиците, тие ги прават луѓето среќни“, изјави Роналдо.

„Би сакал Меси да дојде во Италија. Се надевам дека ќе го прифати предизвикот исто како мене, но ако е среќен во Барселона тогаш го почотувам тоа. Лео е фантастичен фудбалер и добро момче“, додаде Португалецот.

Меси и Роналдо се најдобрите фудалери во светот во последната деценија и двајцата имаат освоено по пет „Златни топки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…