Во дербито на 21. коло во Серија А Јувентус денес ја победи Рома со 2:0.
„Старата дама“ беше подобар противник во овој дуел и заслужено ги освои трите бода. До водство Јувентус стигна во 13. минута преку Кристиано Роналдо. Во првото полувреме Рома немаше ниту еден удар во рамките од голот на Шчесни.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во вториот дел ситуацијата се промени, повеќе се играше пред голот на домаќините, меѓутоа „волчицата“ не создаваше премногу сериозни ситуации. Јувентус и без удар кон голот ја зголеми предност кога при уфрлувањето на Кулушевски во петерецот сопствената мрежа ја погоди Ибанез.
До крајот резултатот не промени па бодовите останаа во Торино. Со оваа победа Јувентус дојде на третата позиција со 42 бода, два повеќе од Рома од која има и натпревар помалку. Интер е лидер со 47 бода и „нероаѕурите“ исто така имаа натпревар повеќе од „старата дама“. Милан е втор со бод помалку од Интер. Милан ќе се врати на врвот ако во утрешниот натпревар слави против Кротоне.