Дома Фудбал Италија Роналдо се врати на тренинзите

Роналдо се врати на тренинзите

Роналдо го пропушти натпреварот против Бреша одигран во вторникот поради полесна повреда.

Јувентус и без своите најголеми ѕвезди славеше со 1:2, а сега пристигнаа добри вести за сите навивачи на Старата дама.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, Јувентус потврди дека Роналдо се приклучил на остатокот од екипата и денеска го одработил тренингот.

Португалецот нормално тренирал со екипата и се очекува да биде во стартната постава на Јувентус за саботниот дуел против СПАЛ.

Од друга страна, од Јувентус соопштија дека Алекс Сандро не го одработил денешниот тренинг поради семејни причини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За Салах најдобро е да остане во Европа: Ова се потенцијалните клубови!

Египетскиот напаѓач Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната, вест која …