Дома Фудбал Англија Роналдо прво зел голем бонус од Манчестер Јунајтед, па потоа побарал трансфер

Роналдо прво зел голем бонус од Манчестер Јунајтед, па потоа побарал трансфер

Кристиано Роналдо добил шестцифрен бонус само неколку дена пред да објави дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед. Бонусот е дел од стартот на втората година од договорот, кој го потпиша минатото лето кога се врати на „Олд Трафорд“.

Роналдо направи значително намалување на платата кога го напушти Јувентус. Тој се согласи на плата речиси 50 проценти помалку за повторно да игра за „црвените ѓаволи“, што беше компензирано со различни годишни бонуси.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и понатаму останува на ставот дека Роналдо не е на продажба, но нема идеја кога и дали ќе биде вклучен во подготовките на тимот за новата сезона.

Додека јавно го искажува овој став, клубот веќе разгледува опции за негова замена. Некои од спонзорите на „црвените ѓаволи“, кои помогнаа да се финансира платата на Португалецот, инсистираат тој да остане за да добијат поголем поврат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…