Дома Фудбал Италија Роналдо по црвениот картон се појави на тренинг и ги изненади фотографите

Роналдо по црвениот картон се појави на тренинг и ги изненади фотографите

Фудбалерите на Јувентус во средата во гости ја победија Валенсија со 2:0 во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Шампионите.

Натпреварот на „Местаља“ го обележа Кристиано Роналдо кој во 29. минута доби директен црвен картон по дуелот со Мурило, а одлуката на судијата беше малку престрога. Роналдо не можеше да верува дека мора да си оди порано под туш, а колку тешко му падна најдобро покажаа солзите на неговото лице.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јувентус сега ја чека одлуката на УЕФА околу евентуалната суспензија за Роналдо, но најверојатно тоа ќе биде само на еден натпревар. Иако Португалецот беше „скршен“ по натпреварот во Валенсија, изгледа дека тоа сега е само зад него.

Роналдо вчера се појави на тренингот на „Старата дама“ и не ја отстрани насмевката од лицето. Дури во некоклу наврати многу среќен им позираше на фотографите, што не е многу чест случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Откриени тајни преговори меѓу УЕФА и два гиганти – се разговарало за Супелига во поинаков формат!

Проектот на Супер лигата беше најавен во 2021 година, добивајќи поддршка од неколку европс…