Манчестер Јунајтед вчера доживеа вистински дебакл во дербито против Ливерпул во кое беше поразен со убедливи 0:5.
Со овој пораз се продлабочи кризата на „Олд Трафорд“ и прашање е уште колку време раководството ќе има трпение за Солскјер. По поразот на социјалните мрежи се огласи Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Некогаш резултатот не е таков каков што сакаме. И тоа зависи само од нас затоа што никој друг не може да биде виновен. Навивачите повторно беа неверојатни и не поддржуваа. Тие заслужуваат многу подобро, а ние мораме да бидеме подобри за нив. Дојде времето“, порача Португалецот.
Манчестер Јунајтед во последните четири кола во Премиер лигата освои само еден бод.