Дома Фудбал Италија Роналдо постави нови стандарди за Португалците во Серија А!

Роналдо постави нови стандарди за Португалците во Серија А!

Со 13-тиот погодок во дресот на Јувентус, Кристиано Роналдо постави нови стандарди кога се Португалеците во Серија А во прашање.

Никогаш во историјата на Серија А, ниту еден Португалец не успеал да го освои признанието најдобар стрелец во шампионатот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дека постои голема можност такво нешто да се случи во сезоната 2018/2019 стана јасно кога Јувентус го ангажираше Кристиано Роналдо.

Роналдо денес постигна погодок уште во втората минута против Сампдорија и така постави нови стандарди на Португалците во Италија.

Никогаш претходно на еден Португалец не му успеало во една сезона во Серија А да постигне повеќе од 12 голови во Серија А.

Роналдо со денешниот погодок го прескокна поранешниот играч на Јувентус Руи Барос кој дресот на „старата дама“ го носеше две сезони. Во продолжение од натпреварот Роналдо постигна и уште е еден погодок со што стигна до бројката од 14 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатно е што прави Ендрик, во Мадрид може само да плачат!

Ендрик оваа зима пристигна во Лион на позајмица од Реал Мадрид и веќе на почетокот на нова…