Кристијано Роналдо вчера суши нов рекорд и со постигнатите 35 гола во првенството на Саудиска Арабија стана првиот фудбалер кој успеал да постигне ваков број на погодоци во саудиската лига.
Исто така Роналдо е единствениот играч кој бил најдобар стрелец во четири различни првенства.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Премиер лигата најдобар стрелец беше носејќи го дресот на Манчестер Јунајтед, потоа во Ла Лига го освои ова признание како играч на Реал Мадрид и во Италија додека настапуваше за Јувентус.
По новите два рекорди, Роналдо преку социјалните мрежи испрати кратка порака.
„Јас не бркам рекорди, тие ме бркаат мене“, објави Португалецот.
Сезоната во првенството на Саудиска Арабија, Роналдо со Ал Наср ја заврши на второто место со шест бода заостанување зад шампионот Ал Хилал.