Дома Фудбал Италија Роналдо повторно испиша историја: Ова не го направил никој повеќе од 60 години

Роналдо повторно испиша историја: Ова не го направил никој повеќе од 60 години

Кристиано Роналдо синоќа постигна два гола за Јувентус во победата над Парма (4:0) и испиша историја во Серија А.

Португалецот со своите голови се изедначи со рекордот поставен од Омар Сивори од 1961 година.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Роналдо стана петтиот играч кој постигнал најмалку 32 голови во Серија А во една календарска година. Дополнително може да го подобри рекордот бидејќи до крајот на 2020 година му претстои уште еден натпревар во првенството.

Тој ќе има шанса да го надмине и Стефан Ниерс кој во 1951 година постигна 33 гола. Конечниот рекорд му припаѓа на Феличе Борел со 41 гол од 1933 година, следува Гунар Нордал со 36 погодоци во мрежата постигнати во 1950 година.

Мора да се нагласи дека успехот на Португалецот е уште позначаен бидејќи е остварен на само 28 натпревари одиграни годинава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фотографијата руши рекоди: Меси го држи во раце 6-месечниот Јамал📷

Ламин Јамал со 16 години ги собори сите рекорди со Шпанија на Европското првенство и покаж…