Дома Фудбал Италија Роналдо повторно ги налути здравствените власти

Роналдо повторно ги налути здравствените власти

Кристиано Роналдо добо краток одмор од Јувентус и повторно ги наруши мерките за заштита од Ковид, пренесуваат италијанските медиуми.

Според информациите ѕвездата на Јувентус и неговата вереница Ѓеоргина преминале од еден регион во друг, што е забрането во моментов во Италија.

Двајцата го напуштиле регионот Пиемонт и биле два дена во монденскиот зимски центар Гурмајер, кој се наоѓа во областа Вале Даоста.

Проблемот е што двата региони се во портокаловата зона на вирусот и забрането е да се напуштаат границите.

Роналдо не беше во групата за вчерашниот натпревар против СПАЛ и го искористи слободното време за одмор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…