Кристиано Роналдо моментално се наоѓа во изолација во својата родна Мадеира.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо е во изолација во Португалија откако неговиот соиграч Ругани беше позитивен на коронавирус и се уште не е познато кога ќе се врати во Италија.
Португалецот денес преку социјалните мрежи испрати важна порака во борбата за коронавирусот.
„Ако некогаш сте сонувале да играте за милиони луѓе ширум светот, сега е вашата шанса. Играјте внатре, играјте за целиот свет“, порача Роналдо преку Инстаграм.
Роналдо е највлијателниот спортист на социјалните мрежи, па неговата порака веќе ја видоа неколку милиони луѓе.