Дома Топ вести Роналдо одлучен да замине, Јунајтед веќе му најде замена

Роналдо одлучен да замине, Јунајтед веќе му најде замена

Aнглиските медиуми на големо пренесуваат дека Кристијано Роналдо побарал да му биде дозволен трансфер ова лето.

Португалецот е подготвен да го напушти клубот од „Олд Трафорд“ само една година по враќањето, а наводно пресудно е неиграњето на „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампионите.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Роналдо има уште една година од договорот, а новиот менаџер Ерик тен Хаг му објаснил дека е клучен играч во неговиот тим за претстојната сезона и очекува да остане.

Меѓутоа, Роналдо е одлучен во намерата, па Јунајтед веќе почна да бара замена, а прва желба е Ентони од Ајакс.

22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.

Тен Хаг одлично го познава и сака да го донесе на „Олд Трафорд“, а раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започна преговори со Ајакс.

Според информациите од Островот двата клуба се блиску до трансфер тежок 50 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пандев од ВИП ложата во Милано го следеше натпреварот помеѓу Интер и Звезда 🎥

Maкедонската фудбалска легенда, Горан Пандев откако беше присутен и на „Етихад“ против Ман…