Вчера Кристиано Роналдо за клупската страница на Манчестер Јунајтед го имаше првото интервју по враќањето на „Олд Трафорд“.
Португалецот одигра одлични шест сезони од 2003 до 2009 во Јунајтед во времето на Фергусон и тогаш Јунајтед важеше за еден од најдобрите тимови во светот. И денес со неговото доаѓање и неколку засилувања претходно, навивачите имаат големи очекувања од новата сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дојдов да освојувам трофеи, не сум тука на одмор. Повторно сум тука за да победувам, способен сум за такво нешто, а исто така и моите соиграчи. Ова е голема шанса за мене и навивачите да направиме чекор напред“, изјави Роналдо.
Манчестер Јунајтед утре пред натпреварот со Њукасл и официјално ќе го промовира Португалецот пред навивачите.
„Нормално е да бидам нервозен во сабота, меѓутоа сега имам големо искуство. Ќе направам притисок врз Оле да бидам стартер. Убаво се чувствувам што сум оповторно назад“, порача Португалецот.
Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл се игра утре од 16:00 часот.