Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Роналдо: Не сме задоволни, дојдовме за повеќе на ова ЕП

Роналдо: Не сме задоволни, дојдовме за повеќе на ова ЕП

Португалија вчера во осминафиналето го заврши настапот на Европското првенство, Португалците беа елиминирани во дербито од Белгија.

Секако, карактер на победник како Роналдо не е задоволен од она што неговата селекција како актуелен европски шампион го постигна на турнирот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Многу рано го завршивме турнирот, ова не е резултатот кој го посакувавме. Сепак, горди сме на тоа што дадовме се од себе. Овој тим покажа дека може да донесе уште многу радост на навивачите. Се боревме до крајот за да ја оправдаме довербата, меѓутоа не го остваривме тоа по кое дојдовме на Европското првенство“, изјави Роналдо.

Ќе споменеме и дека Роналдо вчера веројатно го одигра последниот натпревар во дресот на португалската репрезентација на Европските првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Анчелоти ќе добие понуда која не се одбива, следува голем потпис!

Карло Анчелоти влегува во златниот период на својата тренерска кариера и се чини дека нема…