Дома Фудбал Останато „Роналдо не знае да игра, а постигна 900 гола, замислете да знаеше…“

„Роналдо не знае да игра, а постигна 900 гола, замислете да знаеше…“

Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано неодамна одново го привлече вниманието со изјава за Кристијано Роналдо.

Касано во својата изјава го критикуваше Роналдо, па дури и порчаа дека тој не знае да игра фудбал.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Кристијано не знае да игра фудбал. Може да постигне и 3.000 голови не ми е гајле. Играчи како Игуаин, Бензема, Агуеро, Левандовски, Ибрахимовиќ…знаеа како да се вклопат во секој тим и да соработуваат. Роналдо не е таков“, гласеше изјавата на поранешниот италијански фудбалер.

И во минатото Роналдо ретко реагираше на критиките на негова сметка, меѓутоа често пати тоа го прави неговата сестра Елма Авеиро.

„Не го познавам тој човек и не ми е гајле. Ќе кажам само една работа, Кристијано не знае да игра, а постигна 900 гола, замислете да знаеше да игра. Ми кажуваат дека Касано бил фудбалер, а тој всушнсот бил едно момче со топка“, порача Елма Авеиро додавајќи емонтикон на кловн на главата на Касано во објавата на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Каралсен со огромна грешка изгуби од светскиот шампион, па буквално збесна (Видео)

Во шестото коло од големиот турнир на врвни шахисти во норвешкиот град Ставангер се судриј…