Дома Фудбал Роналдо не е првиот кој постигнал хет-трик во ПЛ, Ла Лига и Серија А

Роналдо не е првиот кој постигнал хет-трик во ПЛ, Ла Лига и Серија А

Рекордите што Кристијано Роналдо ги споделува со некои други играчи се ретки.

Со три гола против Каљари, Кристијано Роналдо успеа да го постигне својот прв хет-трик во Серија А после преселбата во Јувентус летото 2018 година.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Португалецот три пати на еден натпревар ја затресе мрежата во Премиер лигата како фудбалер на Манчестер Јунајтед и во Ла Лига каде играше за Реал Мадрид.

Интересно е што Роналдо не е првиот фудбалер кој успеал да го реализира овој подгвиг. Пред него тоа му успеа на Алексис Санчез.

Чилеанецот постигна хет-трик во Серија А додека беше член на Удинезе, во Ла Лига додека го носеше дресот на Барселона, а во Премиер лигата како напаѓач на Арсенал во победата од 5:2 над Лестер во 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот напаѓач на Милан имал разговор со Модриќ, откри што му кажал

Андриј Шевченко го посети тренинг кампот на Милан, при што топло се поздрави со Лука Модри…