Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо на полувремето во тунелот покажа дека е вистински лидер на Јувентус (ВИДЕО)

Роналдо на полувремето во тунелот покажа дека е вистински лидер на Јувентус (ВИДЕО)

Кристиано Роналдо вчеравечер одигра фантастичен натпревар и со хет-трик го одведе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Јувентус имаше негатива од 2:0 од првиот натпревар во Мадрид, но со вчерашната магична вечер на Роналдо „старата дама“ го сврти резултатот во своја корист.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Роналдо првиот гол го постигна во првото полувреме, а натпреварот го реши во 86-тата минута кога го постигна својот втор гол за конечни 3:0.

На паузата помеѓу полувремињата кога фудбалерите излегуваа на теренот можеше да се забележи една интересна ситуација.

Португалецот помина кај неколку фудблаери и ги мотивираше да продолжат да го напаѓаат Атлетико во второто полувреме, a покрај тоа имаше и краток разговор со судиите на натпреварот.

Разбирливо самиот Роналдо беше задоволен од својот настап против „јорганџиите“.

„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше таква. Не само поради головите, туку и поради тимот и нивниот неверојатен став. Ова е менталитетот кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на добар пат. „Токму поради вакви работи ме доведе Јувентус да им помогнам во магичните ноќи како што беше оваа. Атлетико навистина е одличен тим, но ние докажавме дека сме силни и заслужено одиме во следната фаза“, изјави Роналдо после натпреварот.

Јувентус и Роналдо во петок од 12:00 часот на ждрепката ќе го дознаат својот противник за четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Невеорјатно: Фоден повеќе додавал со Пикфорд отколку со Кејн

Репрезентацијата на Англија влезе како еден од фаворитите на ова Европско првенство, но иа…