Дома Трансфер зона Роналдо му прави нов проблем на Перез и Реал

Роналдо му прави нов проблем на Перез и Реал

На сите е јасно дека Реал Мадрид ова лето и тоа како ќе биде активен на трансфер пазарот, а шпанските медиуми веќе подолго време шпекулираат околу тоа кој би можел да дојде на Сантијаго Бернабеу.

Повеќе од сигурно е дека кралскиот клуб ќе донесе барем едно засилување во нападот, бидејќи во последно време не се задоволни од играта на Карим Бензем. Флорентино Перез верува дека Хари Кејн е вистинското решение во нападот за овој тим, но тоа мислење не го дели Кристијано Роналдо.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Наводно, португалскиот фудбалер му порачал на Перез да не го донесува Кејн и да му даде уште една шанса на Бензема. Покрај самиот врв на нападот се очекуваат и засилувања на крилните позиции и средниот ред. Познто е дека Нејмар е најголемата желба на Кралевите, а она што е најбитно за Перез е дека за тој трансфер има зелено светло од Роналдо.

Како што пренесува шпански Спорт, Перез сака да направи нов Галактикос, но јасно е дека ќе мора да продаде неколку играчи. Наводно, претседателот Перез сериозно размислува на трансфер листата, помеѓу останатите, да се најдат Герет Бејл, Лука Модриќ и Кејлор Навас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Mилан има две опции за нов десен бек!

Кајл Вокер нема да биде дел од тимот на Милан следната сезона, бидејќи се враќа од позајми…