Поранешниот бразилски фудбалер Клеберсон изјави дека Кристиано Роналдо ќе мора да работи повеќе на теренот за да ги исполни барањата на новиот менаџер Ралф Рагник.
За викендот Португалецот влезе во игра дури во 64. минута во дербито против Челзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Беше тоа една ситуација на натпреварот кога Челзи имаше шанса, а Роналдо се врати и го следеше нивниот бек и се обиде да пресече нафрлување на Челзи. Сео бидува да помогне на Јунајтед, но ова се тешки моменти за него. Сезоната до сега не беше баш најдобра“.
По ремито со Челзи Роналдо веднаш побрза во соблекувалната и не се поздрави со навивачите.
„Ја разбирам неговата фрустрација и тоа е нормална реакција за играч кој не стартувал или е рано заменет. Но Роналдо ќе мора да го промени начинот на игра за повеќе да помогне на екипата – тоа е она што му е потребно на Јунајтед за да се врати на врвот на табелата“, изјави Клеберсон.
Во овој момент Јунајтед е десетти со 18 бодови, 15 помалку од лидерот Челзи.