Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо ги налути обичните Италијанци, откако замина во Дубаи каде ќе ги помине празниците.
Проблемот е што тој откако ќе се врати во Италија нема да подлежи на задолжителен карантин, како „обичните“ луѓе на Апенините.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според решението на минестерството за здравство во Италија, сите кои ќе ја напуштат земјата од 21 декември до 6 јануари ќе бидат ставени во карантин. Меѓутоа, ова не важи за фудбалерите бидејќи тие прават тестови за Ковид 19 на секои два дена.
Роналдо се одлучи да ги полни батериите во Дубаи, а следниот натпревар во Серија А е на 3 јануари.