Јувентус вчера го победи Милан во дербито со 1:0, меѓутоа она што е во центарот на вниманието после натпреварот е одлуката на Сари уште во 55-тата минута да го замени Роналдо.
Сари после натпреварот со Локомотив сега повторно го замени Роналдо и тоа овој пат многу порано. Роналдо и против Локомотив и против Милан јасно покажа незадоволство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Свој коментар на целата ситуација сега даде и поранешниот фудбалер Антонио Касано. Касано тврди дека Роналдо за напуштањето на стадионот пред да заврши натпреварот може да биде казнет со суспензија од две години.
„Заминал пред крајот на натпреварот? Такво нешто не смее да направи поради анти-допинг контролата. Поради таков потег може да добие суспензија од две години“, изјави Касано.
Сега, ако Роналдо навистина заминал порано може да се најде во голем проблем доколку зборовите на Касано се точни. Меѓутоа постои и можност Роналдо да проверил дали тој е на листата на неколку фудбалери кои треба да бидат проверени, па да си заминал кога видел дека не е.