Дома Фудбал Италија Роналдо застана во одбрана на Кулибали! (ФОТО)

Роналдо застана во одбрана на Кулибали! (ФОТО)

Португалскиот напаѓач Кристиано Роналдо застана во одбрана на стоперот на Наполи, Калид Кулубали после вчерашниот натпревар помеѓу Интер и Наполи.

Кулибали вчера беше навредуван на расна основа од страна на навивачите на Интер, а тренерот на Наполи, Карло Анчелоти порача дека ќе го прекине натпреварот ако нешто такво се повтори.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во одбрана на Сенегалецот застана и Роналдо кој се огласи преку друштвените мрежи.

„Секогаш сакам едукација и респект во животот и фудбалот. Да кажеме „не“ на расизмот и секој друг тип на дискриминација“, порача Португалецот со поставена фотографија од него и Кулибали.

Ова секако е убав гест од страна на Роналдо кој и претходно знаеше да пружи поддршка на своите колеги кои се наоѓале во слична ситуација како и Кулибали.

ronaldo

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трајковски со „ножички“ ја скина мрежата на С. Арабија (Видео)

Македонија и Саудиска Арабија одиграа интересно прво полувреме, кое го одбележа прекраснио…