Дома Фудбал Италија Роналдо е најмногу „погоден“ поради кратењето на платите – ќе загуби 10 милиони

Роналдо е најмногу „погоден“ поради кратењето на платите – ќе загуби 10 милиони

Поради пандемијата со коронавирусот фудбалот е во прекин, па клубовите бележат големи финансиски загуби.

Тоа ќе ги натера фудбалските клубови да го намалат бројот на вработени и да ги намалат платите на фудбалерите, а таков потег веќе повлече Јувентус.

Јувентус реши да им ја скрати платата на фудбалерите во следните четири месеци. Ѕвездите ја прифатија одлуката и се откажаа од дел од платата за март, април, мај и јуни за да му помогнат на клубот.

Еден од најтешко погодените со одлуката е најплатениот фудбалер во клубот, Кристиано Роналдо, кој ќе остане пократок за 10 милиони евра.

Роналдо, кој заработува 31 милион евра годишно, се согласи на ваквиот потег, со што ја покажа својата лојалност кон клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ризикува да направи голема грешка со Алисон

Фабрицио Романо откри дека нема разговори за нов договор меѓу Алисон Бекер и Ливерпул, што…