Дома Фудбал Роналдо е навистина чуден – Го стопирал трансферот на убиствениот напаѓач

Роналдо е навистина чуден – Го стопирал трансферот на убиствениот напаѓач

Кристиано Роналдо очигледно многу се прашува кога станува збор за доведување нови фудбалери во Реал Мадрид.

Кој му се допаѓа, ќе даде зелено светло, а доколку не му се допаѓа, тој играч обично не завршува во „Кралскиот“ тим. Токму таков слчај неодамна беше со Роберт Левандовски, а денеска така е со Едисон Кавани.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми, Роналдо не сака уругвајскиот напаѓач во јануарскиот трансфер период да го засили Реал Мадрид, бидејќи задоволен е од Карим Бензема и смета дека нема потреба да доаѓа друг напаѓач во тимот.

Од другата страна, многумина сметаат дека причината за ваквото размислување на Роналдо е фактот дека Кавани е голема ѕвезда и дека во Мадрид сигурно би зел дел од славата, а тој секако тоа не го сака.

Секако, не треба ниту претседателот Флорентино Перез секогаш да го слуша Роналдо, бидејќи Кавани е играч кој би донел огромни успеси во Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Враќање во Англија? Откриени детали од договорот на Хари Кејн

На Хари Кејн му остануваат уште речиси две години од договорот со Баерн Минхен, каде што т…