Дома Фудбал Англија Роналдо донесе одлука за иднината

Роналдо донесе одлука за иднината

Кристиано Роналдо донел одлука да го одработи договорот со Манчестер Јунајтед, пренесува „АС“.

37-годишниот Португалец минатото лето потпиша двегодишен договор, но медиумите на Островот во последно време шпекулираат дека сака да си замине на крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Таа опција изгледаше уште поверојатна пред неколку дека кога „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од Лигата на шампиони и Роналдо за прв пат од 2005 година остана без освоен трофеј.

Роналдо не е во добри односи со менаџерот Ралф Рангник, но јасно е дека Манчестер Јунајтед ќе добие нов тренер на крајот на сезоната.

Покрај се, Роналдо решил да остане и верува дека Јунајтед ќе назначи одличен менаџер со кој следната година ќе може тимот да се бори за трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Распад-систем: Челси ја претрпе најголема загуба во англиската фудбалска историја

Лондонскиот фудбалски клуб Челси откри дека претрпе загуба од 262,4 милиони фунти (или 300…