Дома Фудбал Останато Роналдо го ШОКИРА судот: Да не бев Кристиано Роналдо, не би бил тука!

Роналдо го ШОКИРА судот: Да не бев Кристиано Роналдо, не би бил тука!

Кристиано Роналдо денес се најде во судот во Шпанија по повод обвиненијата за наводното затајување на данок.

Роналдо во судот се појави денес во 11:30 часот по локално време, а рочиштето беше затоврено за пошироката јавноста. Португалецот се изјасни по четири точки, а износот кој се споменуваше изнесува околу 15 милиони евра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Наводно, Португалецот истакнал дека не се плаши од ништо и дека не е виновен. Тој смета дека во прашање е само завера против него за нарушување на неговото реноме во јавноста.

„Доколку не се викав Кристиано Роналдо не би бил тука“, изјавил Роналдо во судницата, пренесува „Марка“.

Според реакциите на јавноста во Шпанија, овие зборови ги шокирале сите во судницата.

Судијата на ова му одговорил дека пред законот сите се исти и дека во истата судница се појавиле целосно анонимни луѓе обвинети за истата работа.

„Никако, овој случај е поврзан само со моето име во прашање нарушување на реномето“, иснистирал Кристиано.

Претходно се очекуваше Роналдо да даде изјава со која ќе го брани својот став дека не се занимавл со илегални работи, но преку портпарол соопшти дека се е во ред и дека наскоро се ќе биде познато.

Најверојатно изјавата на Роналдо пред судот ќе влијае и натоа обвинителите да започнат постапка и против познатиот фудбалски менаџер Жорге Мендеш и напаѓачот на Монако Радамел Фалкао.

Роналдо се обвинува дека ги сокрил приходите од продажбата на правата на своите фотографии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…