Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола во победата на Јувентус над Каљари.
Со овие два гола португалскиот фудбалер дојде до цифрата од 748 погодоци во 1026 одиграни натпревари и на тој начин по број на голови го помина Ференц Пушкаш (746).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред Кристијано останаа уште тројца кои сигурно до крајот на кариерата е успее да ги надмине, што секако му е една од главните цели.
Ромарио е на третото место со 750 погодоци, Пеле е втор со 767 погодоци, додека најдобриот стрелец во историјата Бикан е на врвот со 805 постигнати погодоци.
Кристијано е многу блиску до самиот врв и многу веројатно е дека наскоро ќе биде најдобриот стрелец на сите времиња.