Фудбалерот на Јувентус, Кристиано Роналдо вчера се најде во центарот на вниманието поради своето интервју во кое помеѓу другото зборуваше и за Лионел Меси.
Португалецот на изненадување на многумина во текот на летото го напушти Реал Мадрид и потпиша за Јувентус каде што за кратко време стана еден од најважните играчи. Роналдо вчера изјави дека играл во четири првенства во Европа за разлика од својот ривал Меси кој во кариерата настапувапуваше само за Барселона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не ми недостасува Меси. Можеби јас него му недостасувам. Играво во Англија, Шпанија, Португалија, сега сум во Италија, а тој се уште е во Шпанија. Можеби сум му повеќе потребен.
Би сакал да еден ден да дојде во Италија и да го прифати предизвикот, како што тоа го направив јас. Меѓутоа, ако е среќен во Барса ќе ја почитувам неговата одлука“, изјави Роналдо.
После оваа изјави се огласи италијанскиот фудбалер, Антонио Касано кој порача дека не му е јасно зошто Меси би требало да доаѓа во Италија.
„Не разбирам зошто Меси би го направил тоа? Тој игра во еден од најголемите клубови во светот и не ми е јасно зошто би имал потреба да доаѓа во Италија како што вели Роналдо. Секако, би ми било мило да дојде, но постои проблем – Интер треба да ги продаде сите играчи за да го доведе“, изјави Касано.