Враќањето на Масимилиано Алегри на клупата на Јувентус најверојатно ќе значи заминување на Кристиано Роналдо.
Португалецот наводно им потврдил на пријателите дека го напушта Јувентус ова лето, а неговиот манаџер Жорге Мендеш веќе му бара нов клуб.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Италијнските медиуми денес лансираа „бомба“ и тврдат дека Роналдо може да се пресели во Рим.
Имено, неговиот сонародник Жозе Мурињо имал разговор со Роналдо и се обидува да го убеда да се пресели во Рома.
Американските сопственици се спремни да му ја исполнат желбата на Мурињо и на Роналдо му нудат 14 милиони евра по сезона.
Овој трансфер ќе биде тежок за реализација бидејќи Рома нема да игра во Лигата на шампиони, но доколку не пристигнат други понуди можно е Роналдо да каже ДА.