Дома Топ вести Роналдо го кажа своето: Кејн не доаѓа во предвид, Левандовски може

Роналдо го кажа своето: Кејн не доаѓа во предвид, Левандовски може

Кристиано Роналдо е најголема ѕвезда во Реал Мадрид и со текот на годините се стекна со легендарен статус во „кралскиот“ клуб.

Португалецот има големо влијание во несењето на одлуките во клубот, особено кога станува збор за трансфер политиката.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Иако има 33 години Роналдо се уште сака да биде прва ѕвезда на „Сантиаго Бернабеу“ и се плаши да не биде засенет од новите фудбалери кои ќе пристигнат во Реал ова лето.

Прв меѓу нив е Хари Кејн. Шпанските медиуми пренесуваат дека Роналдо е категорично против доаѓањето на Англичанецот, а дава „зелено светло“ за Роберт Левандовски.

„Диарио Гол“ пренесува дека Португалецот повеќе се плаши од Кејн дека може да стане број 1 во Реал, отколку од Левандовски кој е 5 години постар од Англичанецот.

Дали претседателот Перез ќе го послуша Роналдо или ќе донесе поинаква одлука, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…