Жорге Мендеш изгледа знае да пронајде решение за секоја ситуација.
Како што сега стојат работите, Реал Мадрид попуштил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањето на шпанските медиуми Кристиано Роналдо ќе добие покачување за 30% во однос на неговата сегашна плата и ќе заработува околу 30 милиони евра по сезона. Јасно, заедно со данокот Реал за него ќе плаќа 60. Во оваа ситуација се покажа уште еднаш дека Мендеш и тоа како знае да преговора.
Перез наводно не сака да се откаже од Португалецот кој е симбол на екипата и човек кој е бренд на Реал.
Кристиано нема понуда, поточно нема такви кои ќе ги задоволат неговите услови, ПСЖ не сака да го пушти Нејмар, додека во Јунајтед Мурињо не го сака.
Кога се Кина и Америка во прашање, Роналдо не сака да оди таму и смета дека се уште може да игра на највисоко ниво.
Покачувањето од девет милиони евра е некој вид на компромис бидејќи Роналдо бараше дупло, но тоа се покажа невозможна мисија. Тој се жалеше дека покачувањето му било ветено на крајот на минатата сезона кога со своите голови му ја донесе европската титула на Реал.
Португалецот притискаше во текот на летото со пораките дека сака да замине поради данокот, но тоа никогаш не го кажа јавно. Место тоа порачуваше дека сака да ја заврши кариерата во Реал, сепак потенцираше дека тоа не зависи од него.
Доколку се исполнат ваквите најави сумата од 30 милиони евра ќе го врати Роналдо помеѓу најплатените три играчи во светот, зад Меси и Нејмар.