Дома Фудбал Останато Роналдо: Голема е разликата помеѓу добри и врвни фудбалери

Роналдо: Голема е разликата помеѓу добри и врвни фудбалери

Кристиано Роналдо од неодамна е амбасадор на „Лајвскор“ и по тој повод Португалецот имаше интервју со спортската компанија со која потпиша договор.

Долго време Роналдо и Меси владеаа во фудбалскиот свет, но полека нивното време изминува и на сцена стапуваат други генерации иако секако дека и Аргентинецот и Португалецот имаат уште што да покажат.
Во еден дел од интервјуто Роналдо доби прашање за играчите кои би можеле да ги наследат. Роналдо ги издвои Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Тешко е навистина да изберете само еден и да кажете дека тој е најдобар. Но, убаво е да се види дека доаѓаат нови генерации на фудбалери, тука најмногу мислам на Халанд и Мбапе. Разликата меѓу добрите и врвните фудбалери е голема. Има играчи кои се одлични една-две сезони, но само најдобрите се одржуваат во континуитет на врвот. Тоа воопшто не е лесно, бара многу работа и максимална посветеност“, изајави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Португалците бесни: Роналдо би требало да се срами

Капитенот на репрезентацијата на Португалија Кристијано Роналдо беше исклучен против Ирска…