Дома Фудбал Италија Роналдо вложува во нов бизнис, во Торино отвара слаткарница

Роналдо вложува во нов бизнис, во Торино отвара слаткарница

Кристиано Роналдо освен што е огромна ѕвезда во светскиот фудбал, одлично работи и кога во прашање е бизнисот.

Познато е дека Португалецот веќе има ланец на хотели низ Европа, а неодамна отвори и клинка за трансплатација на коса во Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналдо инвестираше пари во теретани, облека, хотели, парфеми и многу други работи, а неговото царство кое неодамна беше проширано со медицинска устанува, сега добива и – слаткарница!.

Клиниката ќе има дури шест ката, 18 операциони сали и ќе бидат вработени 150 луѓе, вклучувајќи ја и Георгина. Роналдо ивенстираше еден милион евра во клиниката. Меѓутоа се очекува во текот на неколку години во неа да вложи вкупно 25 милиони.

И за слаткарницата која ја споменавме ќе биде одговорна неговата партнерка Георгина. Италијанските медиуми пишуваат дека слаткарницата ќе биде отворена во центарот на Торино.

Наводно, изградбата веќе е завршена и во тек е уредувањето на истата, наскоро се очекува да се случи и свеченото отворање на кое секако поради медиумското внимание ќе присуствуа и Португалецот.

После ова јасно е дека Португалецот сериозно навлегува во светот на бизнисот со што веројатно и повеќе ќе се занимава како што изминува неговата кариера иако се уште прикажува настапи на највисоко ниво.

На крајот италијанските медиуми додаваат дека слаткарницата ќе биде подарок од Роналдо за Георгина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…