Легендарниот бразилски фудбалер и еден од најдобрите на сите времиња, Роналдињо пред два дена и официјално стави крај на својата богата фудбалска кариера.
Иако последниот официјален натпревар го одигра во 2015 година, Роналдињо дури сега официјално стави крај на професионалната кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целиот фудбалски свет вчера преку социјалните мрежи се „прости“ со Бразилецот, а Рони конечното збогум на фудбалот го кажа преку Инстаграм со емотивна порака.
„Ти благодарам Боже за животот кој ми го даде, семејството, пријателите и мојата професија. После скоро три децении посветени на фудбалот, јас му кажав збогум на мојот најголем сон, сон кој ми се оствари. Го работев тоа што го сакав скоро 20 години професионално и уште 10 како дете. Овој сон го живеев интензивно, секој момент, патувањата, победите, поразите, соблекувалната, теренот, признанијата кои ги освоив, ѕвездите со кои играв, оние на кои им се восхитував и оние кои се уште играат и им се восхитувам!“
„Се беше феноменално. Мојот татко и семејството многу ми помогнаа да стигнам до овде, тоа беше тимски напор. Дојдовме со крајот на правата стаза, на оваа прекрасна приказна“.
„Знаете дека сум многу срамежлив и дека не можам многу да зборувам, но морам да се заблагодарам од срце, на сите тренери, соиграчи, навивачи кои беа со мене и против мене, возачите на автобуси, децата кои собираат топки, судиите, новинарите…Ви благодарам што оваа приказна ја испишавме заедно. Без вас тоа немаше да биде можно. Во март официјално ќе објавам како ќе изгледа моето простување од фудбалот и кој ќе биде мојот следен чекор“, напиша Роналдињо.