Раководството на Рома испрати нова понуда до Манчестер Јунајтед за дефанзивецот Крис Смолинг, пренесуваат италијанските медиуми.
Дефанзивецот оваа сезона игра како позајмен фудбалер на „Олимпико“ и прикажа одлични партии, па „волчицата“ сака да го откупи неговиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома му предложила на „црвените ѓаволи“ Смолинг да остане уште една година на позајмица со задолжителен откуп следното лето за 15 милиони евра.
За едногодишната позајмица Рома ќе плати 3 милиони евра, што значи дека вкупната понуда за откуп изнесува 18 милиони евра.
Јунајтед сака да се раздели со фудбалерот, но за неговата слобода бара 25 милиони евра, а лошата вест за Рома е што неколку англиски клубови се спремни да ја платат оваа сума.
„Волчицата“ секако има предност во преговорите, но ќе мора да ја подобри понудата до 2-ри август, кога истекува позајмицата на Смолинг.