Од утрово во италијанските медиуми многу се пишува за голема расправија помеѓу Пауло Фонсека и Един Џеко.
Рома денес ќе игра против Специја во рамките од Серија А, а Фонсека вчета потврди дека Џеко нема да биде ниту на клупата за овој натпревар. Официјалните информации се дека има проблем со повреда, но изгледа не е така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемите италијански медиуми од утрово на големо пишуваат дека Џеко има проблем со Фонсека. До крајот на преодниот рок има уште осум дена и изгледа дека ќе се бара начин Џеко да ја промени средината.
„Тутоспорт“ дури и објави дека Рома е во е контакт со ПСЖ, наводно тие го понудиле Џеко во замена за шестмесечна позајмица на Мауро Икарди. Сепак, изгледа во ПСЖ не се заинтересирани за ваков вид на договор.
Што и да се случува ќе дознаеме брзо затоа што како што споменавме до крајот на преодниот рок има само уште осум дена.