Раководството на Рома потврди дека ги откупла договорите на двете летни засилувања, Патрик Шик и Дефрел за вкупно 63 милиони евра.
Двајцата напаѓачи се покажаа како целосни промашувања, но римскиот клуб беше обврзан со клаузула да МОРА да го откупи нивните договори, за вкупна сума од 63 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шик и Дефрел постигнаа само два гола оваа сезона и се далеку од првиот тим, па според прикажаното дефинитивно се меѓу најголемите летни засилувања во Серија А.
Доколку се направи споредба со продажбата на Салах за 45 милиони евра, јасно е дека директорот на „волчицата“, Мончи направи голема грешка во летниот преоден рок.
Сепак, Шик имаше многу проблеми со повреди и неодамна се врати во тимот, притоа важи за еден од најголемите таленти. Рома очекува Чехот да „експлодира“ следната сезона, па да може да ја компензира загубата.