Дома Фудбал Рома и направи проблем на Барселона: Каталонците не можат да најдат противник за „Жоан Гампер“ трофејот

Рома и направи проблем на Барселона: Каталонците не можат да најдат противник за „Жоан Гампер“ трофејот

Изненадувачкото откажување на Рома од натпреварот кој е познат како „Жоан Гампер“ куп ги поремети плановите на Барселона.

Шпанскиот гигант не очекуваше сценарио какво што приредија Рома и Жозе Мурињо. Каталонците сега не можат да најдат соодветен противник за овој традиционален предсезонски натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ објави дека Милан ја одбил поканата за учество, а потоа негативен бил одговорот и од мексикански Атлас. Барселона испратила покана со помош на нејзиниот поранешен дефанзивец Рафа Маркез, но клубот поради густиот распоред не можел да излезе во пресрет.

Натпреварот помеѓу Барселона и Рома требаше да се игра на 6. август и организаторот најави тужба против италијанскиот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …