Италијанските гиганти Рома и Милан ќе водат битка за потписот на иранскиот напаѓач Сердар Азмун.
26-годишниот напаѓач блеска во дресот на Зенит, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Азмун призна дека ова лето имал понуди од Англија и Италија, но решил следното лето да замине како слободен агент.
„Иранскиот Меси“ како што го викаат е еден од најдобрите напаѓачи во руското првенство, па го следат многу европски гиганти.
Милан и Рома сакаат да ја победат конкуренцијата и уште во јануари да потпишат преддоговор со напаѓачот.