Веќе неколку дена на големо се шпекулира дека Един Џеко ќе ја напушти Рома поради несогласувања со тренерот Пауло Фонсека.
Џеко го пропушти претходниот меч против Специја во Серија А, а од клубот порачаа дека наводно има повреда, сепак многу е веројатно тоа да не е тчно. Италијансите медиуми пред неколку дена објавија дека Џеко имал голема расправија со Џеко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веднаш потоа се појавија и шпекулации за негово заминување. Се споменуваа ПСЖ и Јувентус, а „Скај Спорт“ објави дека најголем интерес за Џеко покажал Вест Хем кој пред неколку дена ја контактирал Рома. Рома наводно дала зелено светло, но Џеко ја одбил понудата.
„Газета дело Спорт“ денес пишува дека во лондонскиот клуб не се откажуваат од Џеко. Според последните информации „Чеканите“ испратиле и уште една понуда меѓутоа одговорот на босанскиот напаѓач бил ист.
Џеко сака да остане во Италија и ќе видиме што ќе се случува во наредните неколку дена додека заврши преодниот рок.