Мауро Икарди е надвор од плановите на Интер за следната сезона, а сега Јувентус и Наполи добија конкуренција за потписот на Аргентинецот.
Рома покажува сериозен интерес за Икарди и спремна е да спрати понуда од 30 милиони евра плус Един Џеко за да ги добие услугите на Аргентинецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго се шпекулираше дека Интер е заинтересиран за Џеко, „нероаѕурите“ дури имаат и договор со Босанецот, но не можат да најдат заеднички јазик со „волчицата“.
Првиот чекор го повлече Рома која испрати понуда која не е толку примамлива за Интер, меѓутоа е вредна за разгледување со оглед на фактот што Антонио Конте не смета на Икарди за следната сезона.
„Нероаѕурите“ бараат најмалку 60 милиони евра за слободата на Икарди, а од друга страна не се спремни да платат повеќе од 15 милиони за Џеко, на кого договорот му истекува следното лето.