Дома Фудбал Италија Рома веќе шест години ја следи проклетство на една од најтешките повреди во спортот

Рома веќе шест години ја следи проклетство на една од најтешките повреди во спортот

Николо Заниоло вчера во дербито против Јувентус се здоби со една од најтешките повреди во историјата на спортот и го очекува пауза од 6 до 8 месеци.

Токму проклетството на таа повреда во Рома, кинење на лигаментите на коленото ја следи веќе шест години. Имено, во последните шест години дури 16 играчи на римскиот клуб ја имале таа повреда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Станува збор за девет играчи од првите и седум играчи од младинскиот тим на Рома, посебно биле погодувани фудбалерите од последната линија.

Два пати лигаментите ги кинеше Кевин Стротман, исто толку Флоренци, по еднаш Рудигер, Емерсон, Марио Руи, Рик Кросдроп, Лука Пелегрини и сега Николо Заниоло.

Заниоло денес беше опереиран и од утре започнува период на опоравување кое ќе трае неколку месеци.

Од младинскиот тим на Рома со оваа повреда се здобиваа: Калафиори, Нура, Капрадоси, Бианда, Туминело, Понсе и Буауах два пати.

Проклетството на Рома започна во 2014 година. Тогаш на овој начин се повреди Кевин Стротман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …