Дома Фудбал Англија Роман создаде империја – 14 години, 14 трофеи!

Роман создаде империја – 14 години, 14 трофеи!

Челзи славеше против ВБА и така ја обезбеди титулата во Премиер лигата, тоа беше само потврда дека се најдоминантниот клуб во Англија во последните 14 години.

Екипата на Антонио Конте оваа сезона беше фокусирана на Премиер лигата и тоа им се исплатеше, на две кола пред крајот тие ја обезбедија титулата.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Ова беше 14 трофеј од моментот кога клубот премина во рацете н рускиот милијардер Роман Абрамович.

Сметајќи ги трофеите во Премиер лигата, ФА Купот, Лига купот, Лигата на шампионите и Лигата на Европа, Челси од 2003 година е најуспешниот клуб со два трофеја повеќе од Манчестер Јунајтед.

Освен тоа до крајот на сезоната Челси ќе има прилика да освои уште еден трофеј, бидејќи ќе игра во финалето на ФА Купот против Арсенал. Во продолжение погледнете како стојат работите кога во прашање се трофеите во последните 14 години.

Премиер лига: Челзи (5), Манчестер Јунајтед (5), Манчестер Сити (2), Арсенал (1), Лестер (1)

ФА Куп: Челзи (4), Арсенал (3), Манчестер Јунајтед (2), Манчестер Сити (1), Ливерпул (1), Виган (1)

Лига Куп: Манчестер Јунајтед (4), Челзи (3), Манчестер Сити (2), Тотенхем (1), Ливерпул (1), Свонси (1), Бирмингем (1), Мидлзброу (1)

Европа: Челзи (2), Манчестер Јунајтед (1), Ливерпул (1)

Вкупно: Челзи (14), Манчестер Јунајтед (12), Манчестер Сити (5), Арсенал (4), Ливерпул (3)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Белингем за драмата со Словачка: Не би сакал да ми се повтори вакво нешто

Англија славеше со 2-1 по продолженија против Словачка и се пласира во четвртфиналето на Е…