ЧЕЛЗИ продолжува со големата летна чистка на соблекувалната.
Во лондонскиот клуб, кој оваа сезона нема да игра во Европа, веќе си заминаа 13 играчи, главно млади играчи како Кристофер Нкунку (25), Николас Џексон (22), Диего Мореира и Анхел Габриел, двајца 18-годишници.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најпознатиот светски трансфер гуру Фабрицио Романо пишува дека на тимот на Маурисио Покетино би можел да им се придружи уште еден млад офанзивец кој минатата сезона со добрите настапи почна да го привлекува вниманието на големите клубови. Станува збор за 20-годишниот француски напаѓач Ели Вахи.
Вахи е член на Монпеље, неговиот матичен клуб, каде што досега покажува постојан напредок.
Минатата сезона овој млад напаѓач постигна 19 погодоци и запиша шест асистенции.
Трансфермаркт го цени на 35 милиони евра, колку што треба да плати Челзи за него, а потоа најверојатно да го испрати на позајмица.