Mладиот крилен фудбалер на Реал Мадрид Родриго Гоеш беше вистински херој на „кралевите“ во полуфиналето од Лигата на шампионите. Родриго со головите во завршницата од натпреварот обезбеди продолженија за екипата на Анчелоти која во потоа со голот на Бензема дојде до триумф од 3:1.
Во финалето Реал Мадрид ќе се сретне против Ливерпул и тоа ќе биде реприза од борбата за трофејот во најелитното европско натпреварување во 2018 година кога како победници излегоа „кралевите“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Родриго уште од сега е полн со самодоверба за тоа финале.
„Се обложив со татко ми – му кажав ќе дадам три гола против Сити, а постигнав само два. Ќе го надополнам тој гол финалето. Кога го носите овој дрес се може да се случи, ние се бориме до самиот крај. Не можам со зборови да опишам што се случуваше против Сити. Тоа беше еден од најсреќните денови во мојот живот, волшебна ноќ на нашиот стадион и мило ми е што можев да влијаам на резултатот“, изјави 21-годишниот Бразилец.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се игра на 28. мај во Париз.